3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако Русите ги привлекуваат туристите

Како Русите ги привлекуваат туристите

Невообичаените тури стануваат се повеќе популарни во Москва и другите руски градови, и се повеќе се „натпреваруваат“ со традиционалните видови на туризам.

Многу туристички агенции и водичи се обидуваат да ги привлечат клиените со интригантни реклами.

Во рекламите ветуваат дека ќе ја претстават „непознатата, криминална и паганска“ Москва, како и многубројни тури низ главниот град на Русија.

Една од невообичаените екскурзии која била понудена е „Потрагата по духовите во Москва“, која ќе ве запознае со местата во Москва кои се поврзани со легендите за духови.

Една од новите екскурзии која е во подготовка е „Вкусната Москва“. Тоа ќе биде тура во која ќе се посетуваат местата каде што некогаш постоеле познатите ресторани, а вклучува и дегустирање на специјалитетите на рестораните кои денес постојат.

Ако сакате нешто навистина посебно и исклучително, задолжително треба да го посетите Санкт Петерсбург и да се вклучите во турата „качување на покривите од градот“.

Ако качувањето по покривите не е доволно екстремно за некого, тогаш тој може да се обиде да оди надоле во длабочините. Оние кои би сакале да ја запознаат Москва од некој друг агол, за нив агенциите нудат и посета на подземните бункери на длабочина од 63 метри во населбата Таганка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП