2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЛегендата слави 40-ти роденден (видео)

Легендата слави 40-ти роденден (видео)

vw-golf000

Репутацијата која „Volkswagen Golf“ ја изгради на овие простори може да се спореди со некое помалку религиозно движење, но едно е сигурно, оваа легенда на автомобилската индустрија е меѓу најуспешните модели досега, а оваа година ќе го прослави својот 40-ти роденден.

„Volkswagen“ во мај 1974-та година за прв пат на пазарот го понуди „Golf“ со преден погон како замена за „Буба“, а 40 години подоцна и со 30 милиони продадени примероци, „Golf“ е вториот најпродаван модел на автомобил во светот.

Актуелната седма генерација, светска премиера имаше на саемот во Париз во 2012-та година. Таа е изработена на новата „MQB“ модуларна платформа која ја дели со „Audi A3“, „Seat Leon“ и „Škodа Oktaviа“.

Во својата кариера ова возило освои две престижни награди за европски автомобил во годината, а последната ја доби во 2013-та.

Од 2015-та година, „Golf“ за прв пат во својата историја ќе добие и електрична верзија, „GTE“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП