20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКонечно, ново Polo!

Конечно, ново Polo!

2014-VW-Polo

„VW“ ги објави деталите поврзани за понудата на „освежениот“ „Polo“. Основниот модел, оној со 59 KS и еднолитарски бензински агрегат со „S“ пакет на опрема ќе стартува со цена од 13.235 eвра, додека најмоќната верзија, онаа со 150 KS кои ги извлекува од 1.4-литарскиот бензинец и „BlueGT“ опрема, идните сопственици ќе ги чини 23.506 eвра.

Во понудата се шест пакети на опрема. Компанијата ги врати „S“, „SEL“ и „BlueGT“, a на нив им се приклучуваат уште три нивоа. Опрема има многу, но „Polo“ овој пат не заостанува зад останатите модели во гамата, па нуди екран чувствителен на допир за мултимедијалниот систем, „Bluetooth“ уред, паркинг сензори, „DAB“ радио и автоматизиран сопирачки систем.

Од „VW“ може да се пофалат дека нивните нови агрегати се за 23% поефикасни од претходните. Двата дизел мотори кои се во понудата се 1.4-литарски „TDI“ агрегати, каде послабиот нуди 75 KS, а помоќниот 91 KS со емитување на 88 грама CO₂ на секој поминат километар.

Бензинците стартуваат со трицилиндарскиот 1.0-литарски „MPI“ агрегат, а ги има во три верзии, најслабиот со 59 KS, а најмоќниот е со 75 „коњски сили“. Во понудата се два четирицилиндарски „TSI“ агрегати од 1.2-литари и имаат 90, односно 110 KS. Врв во понудата ќе биде „ТЅI ACT“ oд 150 „коњски сили“.

Кон крајот на годината можеме да ја очекуваме и „BlueMotion TSI“ верзијата, а некаде во исто време би требало да се појави и „GTI“ моделот со 7-степен „DSG“ менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП