3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC конeчно го претстави моделот One (фото+видео)

HTC конeчно го претстави моделот One (фото+видео)

htc one m8

„HTC“, светскиот лидер во мобилни иновации и дизајн, го претстави долго очекуваниот нов „HTC One“ (M8), најновата подобрена верзија на моделот „HTC One“ (M7).

Како што се очекуваше „HTC One M8“ ќе има 5 инчен „Full HD“ екран со резолуција од 1920 х 1080 пиксели, со 440 ppi густина на сликата. Главниот новитет е секако камерата со двоен сензор и две блиц „LED“ светла од која се очекуваат врвни резултати.

Главниот дизајнер на „HTC“, Џон Бекер, ги презентираше промените во изгледот на „HTC One M8“, кој визуелно нема големи разлики од претходниот модел, но затоа пак може да се пофали со многу покомпактни димензии, потенко тело од само 7 милиметри, како и вклучување на слот за „microSD“ мемориска картичка.

htc one m81

Софтверот на „HTC One M8“ добива неколку фантастични новитети преку надградената верзија на корисничкиот интерфејс „HTC Sense 6.0“. Меѓу најдобрите опции се издвојуваат „Sense TV“ со можност за директно поврзување на содржините кои ги гледате на социјалните мрежи. Втората квалитетна опција е „Power Saving Mode“ за подобрено искористување на капацитетот на батеријата преку препознавање на навиките на корисникот. „HTC Sense 6.0“ ќе се појави и кај постарите модели на „HTC“ во текот на летото.

Овој смартфон има „4G LTE“ поддршка и „Android 4.4 KitKat“, најновата верзија на оперативниот систем „Android“.

„HTC One M8“ е опремен со четири-јадрениот „Qualcomm Snapdragon 801“ процесор со работен такт од 2.3 GHz, има 2 GB RAM меморија и 16 GB вградена меморија за складирање на податоци. „HTC One M8“ веднаш е достапен за порачување преку интернет, додека пак пласманот преку операторите ќе започне во првите недели од април на сите глобални пазари, вклучувајќи ја и Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП