3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes C Class Edition 1 (фото)

Mercedes C Class Edition 1 (фото)

edition merecedes c

За сите оние кои се подготвени за издвојат повеќе пари за својот примерок на новата „C Сlasѕ“ и на одреден начин да се разликуваат од останатите купувачи на овој модел, „Mercedes“ ја понуди ограничената серија „Edition 1“.

Како и кај останатите, слични верзии на другите модели на „Mercedes“, достапноста на „C Сlasѕ Edition 1“ нема да биде ограничена на произведени примероци, туку на временски период од една година.

edition merecedes c1

Продажбата на овој модел ќе започне во април и ќе трае 12 месеци.

Пакетот „Edition 1“ е заснован на „Avantgarde“ стилскиот пакет на надворешноста, со истакнување на амблемот кој на луѓето ќе им даде до знаење дека оваа „C Сlasѕ“ е сепак посебна.

edition merecedes c2

Покрај стандардните 19-инчни алуминиумски бандажи, во понудата ќе се најдат и специјални изборни алуминиумски со пет краци и со иста димензија, обоени во „Himalaya“ сива боја.

Кога станува збор за бојата на каросеријата, купувачите ќе можат да одберат неколку варијанти и тоа, црна, сребрена и бела боја.

edition merecedes c3

Внатрешноста на автомобилот ќе биде со црна „Nappa“ кожа, која е комбинирана со белата боја и патосници од велур.

Купувачите ќе можат да се пофалат дека за издвоените пари го добиле и „AMG Line“ мултифункционалниот волан, исто така од црна „Nappa“ кожа и „designo“ двобојни кожни седишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП