21 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИ150.000 апликации во Windows Store

150.000 апликации во Windows Store

windows store 23

Според статистиката на „MetroScanner“, во „Windows Store“ постојат преку 150.000 aпликации кои се компатибилни со „Windows“ 8 и 8.1. Сепак, „Windows Store“ според бројот на апликации и натаму доста заостанува во однос на конкуренцијата.

„Windows 8“ е лансиран во октомври 2012-та година, а девет месеци подоцна во „Windows Store“ имаше 100.000 апликации. По дополнителните осум месеци, бројот на достапни апликации се зголемил за 50.000, што значи дека забави големиот раст.

Нормално, самиот број на достапни апликации не говори многу за нивниот квалитет и целокупното искуство во користењето на оперативниот систем. Во „Windows Store“ пристигнуваат важни апликации, а меѓу останатите, во поново време се достапни и „Facebook“, „Flipboard“ и „VLC“.

„Microsoft“ работи на соединување на развојниот процес на апликациите за „Windows“ и „Windows Phone“, a наскоро ќе биде можно едноставно развивање апликации за двете платформи со голем процент на заеднички код.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП