25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоради Galaxy S5, LG ги намалува цените на G2 и G Pro...

Поради Galaxy S5, LG ги намалува цените на G2 и G Pro 2

lg ceni namaluvanje

„LG“ и „Samsung“ се доста конкурентски наклонети еден кон друг, така што не е невообичаено за компаниите, своите стратегии да ги базираат околу работите кои ги прави другата.

Најновиот потег на „LG“ ќе биде намалување на цената на моделите „G2“ и „G Pro 2“, откако „Samsung“ го пушти во продажба моделот „Galaxy S5“.

Судејќи според официјалните лица од „LG“, компанијата ќе ги намали цените на моделите „G2“ и „G Pro 2“ на интернационалниот пазар.

Станува збор за прилично актуелни уреди, но сепак не се на ниво на оние кој се претставени во 2014-та година, па така со намалувањето на цените ќе си ги зголемат шансите кај корисниците.

Овој потег најверојатно нема да ги одврати оние кои ги посакуваат најновите премиум уреди, но оние кои внимаваат на буџетот, ова за нив се повеќе од добри вести, затоа што станува збор за два премиум телефони од 2013-та.

Се уште не е познато колку ќе бидат намалени цените, но судејќи според изворите од компанијата, цената на моделот „G2“ ќе биде значитечлно намалена, поради тоа што продажбата на „G Pro 2“ и не е така лоша, па на него нема да му биде потребна помош кога цената е во прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП