20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi работи на моделот RS1

Audi работи на моделот RS1

rs 1 audi

„Audi“ секогаш може да ви го понуди најдоброто за вашите пари. Веруваме во тоа, бидејќи има многу малку компании, кои можат да се пофалат со своето присуство на пазарот за последните 100 години.

Германските инженери се подготвени да не изненадат со ново спортско возило со компактни димензии. Запознајте се со моќниот близнак на „Audi A1“ – „RS1“. Ова е автомобилот, кој ќе ве натера да почнете да штедите.

За дизајнот е одговорен Фран Гренер, човекот кој ја создаде и спортската верзија „S1“.

Под хаубата на ова возило ќе најде мотор на „VW Group“ со кодното име „ЕА888“. Истиот се наоѓа и во „VW Golf R“ и „Audi S3“ и има околу 300 коњски сили, но со благи корекции од „Audi“, „RS1“ ќе располага со 420 коњски сили.

Овој модел ќе се продава само и единствено во Европа, што значи дека, доколку ги имате потребните приходи, можете да станете сопственик на еден ваков примерок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП