5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИCisco инвестира една милијарда во облак

Cisco инвестира една милијарда во облак

cisko cloud2

„Cisco Cloud Services“ е името на новата услуга на оваа компанија во чиј развој во текот на наредните две години „Cisco“ ќе вложи околу една милијарда американски долари.

Со овој потег од компанијата сакаат да се вклучат во битката на пазарот, каде некои од нивните конкуренти се присутни веќе подолго време. Поголемиот дел од инвестираните средства ќе бидат вложени во изградба на центри за податоци, па затоа јасна е намерата на компанијата на своите купувачите покрај мрежниот хардвер да им понуди и услуги во облак сервисот.

Претседателот на одделението за развој и продажба во „Ciscо“, Роб Лојд, изјави дека сите нивни купувачи знаат дека работењето во облак сервисот им носи подобро бизнис опкружување и пониски трошоци.

Нивните нови услуги би требало на компаниите да им овозможат снаоѓање во рамките на помалите буџети, и тоа пред се во намалувањето на трошоците за набавка и одржување на сопствената опрема, наместо тоа ќе им понудат услуги во облак сервисот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП