10 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFiat планира седум нови Alfa Romeo модели до 2018-та

Fiat планира седум нови Alfa Romeo модели до 2018-та

alfa romeo spidere

Новата групација „Fiat-Сhrysler Automobile“ најави дека до 2018-та година на пазарот ќе претстави дури 7 нови „Alfa Romeo“ модели.

„Alfa“ има во план до 2016-та година да претстави кабриолет „Spider“, а потоа најдоцна до 2018-та година ќе бидат презентирани седан и караван верзиите на „Giulia“ и „Аlfetta“.

Со моделот „Giulia“ компанијата сака да биде конкурент на „BMW Ѕeriеѕ 3“, додека со „Аlfetta“ ќе се обидат да парираат на моделот „BMW Ѕeriеѕ 5“.

Во план се и два кросовери кои ќе се појават на пазарот во 2017-та и 2018-та година, а според информациите под-брендот на „Fiat“ развива и нови платформи со погон на задните, односно на сите четири тркала.

Моделите „MiTo“ и „Giulietta“, како што претходно беше најавено, нема да имаат свои замени.

„Fiat“ има големи планови за „Alfа“, па се надеваат дека во наредните неколку години ќе успеат да дојдат до продажба од 500.000 возила на годишно ниво, што претставува голем скок во однос на продадените 100.000 примероци во текот на 2013-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП