3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа сцените на Пол Вокер во „Брзи и бесни 7“ ќе се...

За сцените на Пол Вокер во „Брзи и бесни 7“ ќе се користи CGI технологија

Pa

Извор близок на компанијата „Јуниверзал“, која работи на филмот „Брзи и бесни 7“, откри што всушност ќе се случи со ликот кој го глумеше починатиот актер Пол Вокер.

На почетокот на оваа година се појави извештајот за плановите на компанијата „Јуниверзал“ да го пензионира ликот на Вокер во филмот „Fast and Furious 7“, меѓутоа, се чини дека Брајан О`Конор и понатаму ќе живее благодарејќи на CGI технологијата (компјутерски направен приказ).

Истиот извор рече дека филмските продуценти веќе пронашле неколку актери слични на Вокер, кои ќе бидат користени за движења, додека лицето и гласот на Пол ќе бидат обезбедени со помош на CGI технологијата.

Официјалните лица од компанијата „Јуниверзал“ веруваат дека оваа одлука ќе им се допадне на фановите на популарната франшиза, иако е јасно дека на многумина избраната метода ќе им биде морничава.

Некои сметаат дека најдобро би било да се преправи сценариото и да се пензионира Брајан О`Конор, со оглед на тоа што овој лик во филмот стане татко, кој сака да го заштити своето семејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП