21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiTunes пристигнува на Android

iTunes пристигнува на Android

itunes android

Во не толку далечната 2012-та година, Стив Вознијак посака „iTunes“ да биде достапен и на „Android“ уредите, затоа што и тој самиот тогаш рече дека ги сака производите на „Apple“, а меѓу нив и „iTunes“, па дека би сакал да може да има пристап до нив и од своите „Android“ уреди.

Наскоро ќе може да се каже, Стив сакаше – Стив доби. Имено се појави информација во која се наведува дека „Apple“ размислува за издавање на „iTunes“ апликација за оперативниот систем „Android“. Во таа вест се наведува дека и од „Apple“ започнале да преговараат со водечките издавачки куќи во врска со воведувањето на „on-demand“ функциите внатре во „iTunes Radio“ сервисот.

Како главна причина за таквата одлука се споменува лесниот, но и постојаниот пад на продажбата на дигитални содржини. Заклучно со 9-ти март, на американскиот пазар е забележан пад од 13 проценти во продажбата на музички албуми, т.е. пад од 11 проценти при продажбата на поединечни наслови во однос на минатата година.

На крајот на краиштата, оваа одлука не би требала да предизвика чудење, затоа што ако се земе во предвид бројот на корисници на „Android“ (кој е во постојан пораст), со претставувањето на апликацијата за „Android“ платформата, „Apple“ би можел да оствари значајни приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП