2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа банкоматите Linux наместо Windows XP

На банкоматите Linux наместо Windows XP

linux bankomat

Откако „Microsoft“ ќе ја укине поддршката за „Windows XP“ на 8-ми август оваа година, во проблеми ќе се најдат банкоматите на финансиските институции кои поголемиот дел од нив го употребуваат тој систем (95% од нив).

Еден дел од нив (oколу 60%) ќе останат на „Windows XP“ и по 8-ми април, други ќе преминат на модерниот „Windows 7“, кој е првиот следен оперативен систем на „Microsoft“ кој е достапен за надоградување на банкоматите.

Таквото надоградување претставува проблем за финансиските институции затоа што генерира трошоци во вид на задолжителни снабдувања на подобар хардвер и имплементација на „Europay Mastercard Visa“ (EMV) стандардот во банкоматите. Исто така, тука е и поврзаноста на системот за надоградување кој е под контрола на „Microsoft“.

Еден мал дел ќе од нив ќе се одлучат на оперативниот систем „Linux“. Треба да се напомене дека 30 проценти од банкоматите на американскиот пазар веќе го користат оперативниот систем „Linux“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП