13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolvo Concept Estate оди во производство?

Volvo Concept Estate оди во производство?

volvo zeneva

Најновиот концепт на „Volvo“ кој на женевскиот саем го привлече вниманието на публиката, би требало да послужи како основа за моделот кој ќе го наследи актуелниот „V70“.

Според пишувањето на одредени медиуми, „Volvo“ има во план да ги искористи стилските елементи на „Concept Estate“ и да ги примени на практично сериско возило со 5 врати и во форма на караван. Се очекува тој автомобил да ја има ознаката „V90“ и да се појави на пазарот во 2015-та година.

Засега се познати многу малку детали, но „Volvo V90“ најверојатно ќе биде поставен на новата „SAC“ (Scalable Platform Architecture) платформа, која е направена од челик со голема цврстина и алуминиум. За погон ќе се користат новите, четирицилиндарски мотори кои ќе бидат полесни, поекономични, но и помоќни од актуелните шестицилиндарски единици.

„Volvo“ на последните три големи светски авто-саеми ја „тестираше“ автомобилската јавност така што прикажа три концептни возила кои треба да го најават новиот дизајнерски пристап на овој производител.

Првиот сериски автомобил на кој ќе можеме да видиме колку шефот на дизајн на компанијата, Томас Ингелат, успеал да се избори за својата визија, ќе биде новиот „XC90“, кој најверојатно ќе пристигне до крајот на годината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП