7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОва е дефинитивно најголемиот телевизор во светот (видео)

Ова е дефинитивно најголемиот телевизор во светот (видео)

big hoss tv

Огромниот, ама навистина огромниот „Big Hoss“ наскоро би требал да добие и службена потврда за својата големина, во вид на вклучување и на Гинисовата книга на рекорди.

Инаку овој телевизор е претставен во Тексас, а за прв пат е вклучен во живо пред публика на патеката „Fort Worth“.

Делото на експертите и работниците на „Panasonic“ е широко скоро 66.5 метри и високо околу 29 метри, со што е подолг од најголемиот „Boeing“ од серијата 767 (400ER) и повисок од седумкатница.

Колкава е неговата дијагонала? 2852 инчи, односно скоро 72,5 метри. „HD LED“ екранот со 4,8 пиксели има 281 милијарди бои, т.е. агол на гледање од 140 степени. Со него управува екипаж од пет член, а очигледно може да се справи со град и други работи кои може да се удрат во него со ветер со брзина од скоро 200 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП