27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda 3 бележи лоша продажба

Mazda 3 бележи лоша продажба

nova mazda tri

И покрај одличните критики и тестови, новата генерација на „Мazdа 3“ засега бележи доста лоши резултати кога станува збор за продажбата.

Новата „Мazda 3“ скоро на сите тестови и пробни возења забележа исклучително високи оценки и добри резултати, меѓутоа, тоа не и помогна да го заземе своето место на пазарот на кој и натаму доминираат „Toyota Corola“ и „Honda Civic“.

Oд август минатата година „Мazda 3“ скоро секој месец бележи пад во продажбата, а во првите два месеци од 2014-та година е забележан пад од дури 27 проценти.

Најголем проблем за „Мazdа 3“ е нејзината цена која реално е многу поголема во однос на конкуренцијата, а од јапонската компанија велат дека тоа се вклопува во нивниот план да „бркаат профит, а не голема продажба“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП