6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPebble продаде 400.000 паметни часовници

Pebble продаде 400.000 паметни часовници

pebble-sold111

Првиот паметен часовник на компанијата „Pebble“ влезе во сериско производство во јануари минатата година, а во истиот месец започнаа и првите испораки.

Доколку некогаш сте се запрашале колку компанијата „Pebble“ има продадено паметни часовници досега, сега знаеме дека таа бројка изнесува 400.000 примероци. Имено, досега толку часовници се испорачани, а оваа бројка и натаму расте.

„Pebble“ така остави голем белег на пазарот и покрај силната конкуренција во моделите „Sony Smartwatch 2“ или „Samsung Galaxy Gear“.

Директорот на оваа компанија се надева дека до крајот на оваа година, бројката на испорачани часовници ќе биде дуплирана, а тој исто така укажа дека е зголемен бројот на вработени во оваа компанија што асоцира на зголемување на производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП