2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Mokka дојде до бројката 200.000

Opel Mokka дојде до бројката 200.000

opel mokkaa2

По осумнаесет месеци од појавувањето на моделот „Mokka“ на европскиот пазар од „Opel“ се пофалија дека примиле 200.000 нарачки за овој „SUV“ модел. Најголем број од нарачките се забележани во еден месец и тоа во февруари 2014-та.

Продажбата на моделот „Opel Mokka“ двојно се зголеми во Европа во минатата година, со оглед дека ова возило ја достигна целната продажба од 100.000 примероци во април 2013-та година.

Моментално, „Mokka“ прави 11,3% од пазарниот удел во Европа во својот сегмент, додека овој автомобил е лидер во скандинавскиот регион. Така, во Финска освои 24, а во Норвешка 21 процент од пазарот на мали „SUV“ модели.

Во Велика Британија „Opel Mokka“ има пазарен удел од 17 проценти во својот сегмент, додека во Германија овој автомобил е на врвот од сите возила од „SUV“ сегментот, со скоро 12 проценти удел на пазарот во првите два месеци од 2014-та, овој модел го ставија на првото место, според податоците на Германската Федерална Канцеларија за моторни возила (KBA).

Овој модел на „Opel“ од своето појавување на пазарот доби и неколку признанија, меѓу кои и тоа за „автомобл на годината со погон на сите четири тркала“ од страна на магазинот „Auto Bild“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП