Минатата недела на бројни интернет страни се појави вест дека „Huawei“ подготвува „dual-OS“ смартфон кој ќе биде со оперативните системи „Windows Phone“ и „Android“. Првиот таков уред би требало да се појави на американскиот пазар во текот на вториот квартал од оваа година.
Барем таква изјава даде Шао Јанг (шефот на маркетинг во „Huawei“) во интервјуто за „TrustedReviews“. Како што моментално стојат работите најверојатно наскоро нема да видиме „dual-OS“ уред, барем не од „Huawei“. Портпаролот на компанијата ги демантираше овие гласини и потенцираше дека „Huawei“ се откажува од производството на „dual-OS“ смартфон. Откажувањето од „dual-OS“ не значи и откажување од „Windows Phone“ или „Android“ уреди, туку „Huawei“ истите ќе продолжи да ги нуди одвоено.
Иако дадените деманти се за минатонеделните информации за лансирање на „dual-OS“ телефони, т.е. откажувањето од нив, од „Huawei“ не ги наведоа и причините поради кои е донесена оваа одлука.