7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПо Х2, BMW го најавува и моделот Х7?

По Х2, BMW го најавува и моделот Х7?

BMW-X72

„BMW“ на 28-ми март во својата фабрика во Спартанбург во Јужна Каролина ќе одржи прес-конференција на која се очекува соопштение или за проширувањето на постоечката фабрика или за градење на нова. Сепак, некои медиуми објавија дека тој настан би можел да послужи и како најава за некој нов модел на баварската компанија.

Сепак, германските медиуми пишуваат дека во Спартанбург би требало да се произведува и големиот „BMW X7“, кој се очекува да биде еден од ривалите на идниот „Audi Q9“.

Германски „Auto Bild“ уште минатата година пишуваше за појавувањето на моделот „X7“ во текот на 2018-та година. Исто така, „Auto Bild“ во својата статија наведе дека „X7“ ќе биде базиран на „X5/X6“, a целта е што е можно помала тежина која ќе се оствари со употребата на алуминиум, магнезиум и јаглеродни влакна.

Понудата на мотори ќе опфаќа агрегати од 3.0-литарски шестцилиндарски, па се до „V8“ со 555KS, a се споменува и хибридна верзија. „Auto Bild“ минатата година го споменуваше и моделот „X7 M50d“ со четири турбо полначи.

Се очекува главните пазари за „X7“да бидат Кина, Русија и САД, но сепак останува да се види што точно компанијата ќе претстави на прес-конференцијата на 28-ми март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП