3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen прави евтино возило до 7.500 евра

Volkswagen прави евтино возило до 7.500 евра

folki -molki

Управниот одбор на „Volkswagen“ во скоро време би требало да даде зелено светло за производство на евтин автомобил, пишуваат германските медиуми.

За овој проект во текот на летото би требало да одлучи и надзорниот одбор на компанијата.

Портпаролот на „Volkswagen“ одби да ја коментира оваа вест. Меѓутоа, шефот на групацијата, Мартин Винтеркорн минатата недела, при претставувањето на билансот, наведе дека компанијата прави проект за евтин автомобил. Тој тогаш додаде, дека сепак, последните чекори се најтешки.

Како што тврдат одредени медиуми, евтините автомобили би требало да се продаваат под нова, тринаесетта марка на концернот, а нивната максимална цена би требало да изнесува 7.500 евра.

Продажбата на овие возила би требало да започне кон крајот на 2016-та година или почетокот на 2017-та година во Кина, каде „Volkswagen“ ќе ги произведува во соработка со локалните партнери. Подоцна тие би можеле да бидат пласирани на индискиот пазар или во земјите од југоисточна Азија. Според планот се очекува годишното производство на овие автомобили да биде околу 500.000 примероци.

Во ценовната класа под 8.000 евра, сега се нудат возила од романската компанија „Dacia“, како и од јапонскиот бренд „Suzuki“.

„Volkswagen“, за разлика од конкуренцијата, својот евтин автомобил нема да го продава на европскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП