3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung Galaxy S5 ќе биде поевтин од S4?

Samsung Galaxy S5 ќе биде поевтин од S4?

sam galaxy 5

Пред „Samsung“ да го претстави „Galaxy S5“ на „WMC“ во Барселона кон крајот на февруари, имавме можност да видиме бројни извештаи кои укажуваа на тоа дека неговата цена би можела да биде нешто помала од онаа очекуваната за премиум уредите.

Прво се веруваше дека „Samsung“ ќе ја намали цената на моделот „Galaxy S5“ за да им помогне на операторите да ја намалат нивната загуба на овие уреди. Меѓутоа, еден друг извештај тврдеше дека „S5“ е само мал чекор пред „S4“, така да поголема цена не дава никаква смисла.

Судејќи според медиумите во Кореа, „фабричката цена“ на „Galaxy S5“ изнесува 744 долари, додека онаа за „Ѕ4“ изнесувала 827 долари. Станува збор за разлика од 83 долари.

Важно е да се напомене дека ова се однесува на една област и не е официјално никаде на друго место.

Останува да видиме што планира „Samsung“ кога е во прашање цената, но ако „фабричката цена“ е некој индикатор, можно е да видиме пониска цена ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП