6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPandora ја зголемува месечната претплата

Pandora ја зголемува месечната претплата

pandora radio

Интернет-радио сервисот „Pandora“ наскоро ќе ја зголеми претплатата на својот сервис, се со цел да имаат погодности од користењето на сервисот без реклами. Па така од мај, сите корисници кои ќе ја одберат претплатничката опција „Pandora One“, наместо досегашните 4 долари ќе плаќаат еден долар повеќе, значи 5 долари месечно.

Компанијата „Pandora“, која стои зад истоимениот сервис, објасни дека била принудена да ја зголеми претплатата поради големите трошоци за одржување на сервисот, но и големите парични средства кои се должни да ги издвојат од своите годишни приходи за здруженијата на музичари, композитори и издавачи на музика.

Моментално претплатничката услуга „Pandora One“ ја користат 3.3 милиони корисници од вкупно 250-те милиони корисници на целокупниот сервис „Pandora“.

Треба да се напомене дека сите посточеки корисници кои до мај ќе ја плаќаат сегашната претплата ќе имаат право и во иднина да ја плаќаат истата сума, поточно четири долари месечно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП