Федералните резерви ја задржаа референтната каматна стапка на ниско ниво од 0.00 – 0.25% во март и го намалија месечниот обем на програмата за купување за 10 милијарди долари.
ФЕД одсега ќе откупува 55 милијарди долари во трезорски записи месечно што би довело до јакнење на економијата и нејзино заздравување.
Иако економијата се подобрува, сепак и натаму е потребно натамошно прилагодување на монетарната политика, објави централната банка на САД.
Официјалните претставници на ФЕД изјавија дека показателите од пазарот на трудот се измешани, но сепак подобрени, иако стапката на невработеност остана на високо ниво.
Меѓутоа, економското опоравување сеуште е доволно стабилно за намалување на стимулативната програма, како што е месечното купување на обврзници, но сеуште нема услови за зголемување на каматната стапка.
Стапката на невработеност во САД во февруари се искачи на 6.7%.
Стопанството продолжи да се подобрува и гарантира намалување на монетарниот стимул на ФЕД, иако стапката на инфлација и понатаму е под 2%, колку што изнесува и целта на централната банка на САД.