2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДали оваа апликација ќе ги замени Viber и WhatsApp? (видео)

Дали оваа апликација ќе ги замени Viber и WhatsApp? (видео)

PPL-Connect

Апликацијата „PPL Connect“ е нов вид на сервис за разменување на „SMS“ пораки. Станува збор за интернет страна која овозможува повици и испраќање пораки, исто како да го користите вашиот телефон. Ова функционира со компјутер, таблет или било кој друг уред кој е поврзан со интернет.

Инаку апликацијата моментално постои само за „Android“, a пораки може да примаат и корисници кои не ја користат. За да го употребувате овој сервис потребно ви е да ја превземете апликацијата и да ги следите едноставните упатства за приспособување. Кога ќе завршите со тоа, можете да го оставите вашиот телефон и да ја отворите страната каде ќе испраќате пораки и ќе остварувате повици.

Пораката испратена користејќи „PPL Connect“ на крајот ќе има „via pplco.mobi“ и тоа е единствената разлика во однос на регуларната. Ова е многу корисно ако ви е потребно да ја сочувате батеријата или доколку истата ви е испразнета.

„PPL Connect“ овозможува и повици. Можете да повикате било кој број преку интернет страната, користејќи го вашиот број на мобилен телефон, дури и кога тој е исклучен, доколку го изгубите или доколку ви е расипан, вие и натаму ќе можете да телефонирате. За жал, оваа опција и натаму е ограничена. Повици неможете да добивате, а цената на повик чини три центи по минута и сега единствено функционира во Америка и Канада.

Апликацијата се уште е во бета фаза на тестирање, па може да се забележат некои недостатоци. „PPL Connect“ се уште не е достапна во сите земји, но се очекува наскоро и тоа да се случи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП