2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW верува дека има простор за нов модел - Х2

BMW верува дека има простор за нов модел – Х2

bmw x2 11

Според неофицијални информации, по лансирањето на моделот „Х4“, „BMW“ планира уште еден помал кросовер кој би требало да ја дели платформата со идната, втора генерација на „BMW X1“.

Во „BMW“ најверојатно сметаат дека меѓу моделите „Х1“ и „Х3“ има простор за уште еден кросовер кој би ја следел филозофијата на која се засновани „BMW X4“ и „BMW X6“.

„BMW X2“ би бил поставен на платформата која е наменета за следната генерација на моделот „Х1“, а се шпекулира дека ќе биде достапен исклучиво со „xDrive“ погон. Автомобилот, исто како и „X4“ и „X6“, би имал купе форма на каросеријата, а во понудата ќе има верзии со 3 и 5 врати.

Ако „BMW“ ги реализира своите планови, за погонот на овој модел ќе бидат искористени мотори од палетата на моделот „Х1“, кој станардно ќе биде поврзан со шестбрзински мануелен менувач, додека како опција на располагање ќе биде и осумстепен автоматски менувач.

Како што наведуваат истите информации, „BMW X2“ би требало да се појави на пазарот во 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП