28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung NX mini - совршен за „селфи“ (видео)

Samsung NX mini – совршен за „селфи“ (видео)

sellfi fotoaparat

Oд „Samsung“ пристигнува нов фотоапарат со можност за замена на објективот, а станува збор за моделот „NX mini“.

Со тежина од 158 грама и дебелина од 22 милиметри, производителот тврди дека ова е најмалиот и најлесниот фотоапарат во својата класа. Екранот на овој уред е со дијагонала од три инчи и е во можност да се врти за 180 степени со што е одличен за правење на автопортрети или „селфи“. Фотографирањето на овој начин се иницира со намигнување, а уредот слика две секунди подоцна.

„CMOS“ сензорот има резолуција од 20,5 мегапиксели, чувствителноста оди до „ISO 25.600“. Максималната брзина на континуирано фотографирање изнесува шест фотографии во секнуда, а покрај „HDMI“ излезот присутни се и „Wi-Fi“ и „NFC“. Фотоапаратот може да комуницира со соодветна апликација за мобилен телефон, а нуди автоматско префрлување на снимениот материјал во „Dropbox“ и „Flickr“. За локална поддршка на податоците се користи „microSD“ картичка.

Претставени се три објективи – „NX-M 9mm F3.5ED“, „NX-M 17mm F1.8 OIS“ и „NX-M 9-27mm F3.5-5.6 ED OIS“. Фотоапаратот по пат на адаптер е компатибилен и со „NX“ објективите.

Продажната цена за американскиот пазар изнесува 450 долари, а во цената е вклучен и 9-милиметарски објектив. За цена од 550 долари се добива фотоапаратот и објектив од 9-27mm.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП