КОМПАНИИ

Опадна вредноста на акциите на Пежо-Ситроен

peugeotcit1

Вредноста на акциите на групацијата „Пежо-Ситроен“ (ПСА) се намали за четири отсто, по објавата на оваа француска компанија дека ќе отпише имот во вредност од 4,7 милијарди евра.

Отписот е најавен пред финансискиот извештај кој ќе биде објавен неделава, а се очекува дека ќе покаже големи загуби.

Француската компанија беше принудена на овој потег поради влошената состојба на пазарот на автомобили во Европа, која најверојатно ќе потрае подолго од очекувањата.