2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen ги потврди новите модели Tiguan, Crafter и Porsche Panamera

Volkswagen ги потврди новите модели Tiguan, Crafter и Porsche Panamera

volkswagen znak140

Продолжуваат најавите за нови производи од страна на „Volkswagen“, па сега компанијата обелодени неколку нови детали за идните модели. Како прво, наследникот на моделот „Volkswagen Crafter“ ќе се гради во новата фабрика на компанијата во местото Врзенија во Полска.

Во оваа фабрика ќе се отворат 3200 нови работни места и со производство ќе започне во четвртиот квартал од 2016-та година. Од „VW“ не објавија многу детали за овој модел, но се очекува да биде развиван во соработка со „MAN“, наместо со „Mercedes“.

Компанијата исто така ги претстави плановите за производството на следната генерација на моделот „Tiguan“ во својата фабрика во Хановер од 2016-та година. Овој модел ќе се изработува на „MQB“ платформата и фабриката во Хановер ќе го поддржи примарното производство во Волфсбург.

„VW“ потврди дека најновата генерација на моделот „Porsche Panamera“ ќе започне да се прави во Лајпциг од 2016-та година. Се очекува овој модел да биде базиран на платформата „MSB“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП