6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПремиера на смартфонот Find 7

Премиера на смартфонот Find 7

oppo pazar13

Компанијата „Oppo“ ги откри своите сериозни намери за земање на сериозни позиции на пазарот на паметни телефони. Таа веќе ја нападна највисоката и најскапа класа на паметни уреди со својот нов смартфон „Find 7“, кој го претстави денес.

Телефонот ќе чини 599 долари, а за оваа цена ќе понуди многу актуелен и моќен хардвер. Главни особини на уредот ќе се неговиот 5,5 – инчен екран кој е со 4K резолуција и вградената камера со можност за создавање на слики со 50 МР резолуција.

„Oppo Find 7“ е првиот паметен телефон кој нуди вакви карактеристики. Благодарение на својата висока резолуција на екранот има густина на пиксели од 538 PPI. Ова е постигнато преку технологијата „Super Screen 2.0“. Екранот е заштитен со „Gorilla Glass 3“, а има можност за работа и со мокри раце.

Телефонот се потпира на 4 – јадрен „Qualcomm Snapdragon 801“ процесор, кој се користи и во „Samsung Galaxy S5“. „RAM“ меморија е од 3GB, додека интернате меморија има 32GB.

Всушност камерата на „Oppo Find 7“ е со 13 МР сензор на „Sony“. Таа сепак располага со режимот „Super Zoom“, кој прави 10 одделни слики и ги обединува во заедничка рамка со 50 МР резолуција. Преку оваа камера уредот може да прави и 4K HD видео снимки, како и HD видео 720р со забавено движење. На предниот панел пак има 5МР камера.

Смартфонот ќе располага со 3000mAh батерија. Оперативниот систем овој смартфон се нарекува „Color OS 1.2“, кој е базиран на „Android 4.3“. Продажбата на уредот ќе започне во мај.

Покрај тоа Oppo ќе нуди и „послаба“ верзија на „Find 7“, која ќе се вика „Find 7a“. Таа ќе има дисплеј со „Full HD“ резолуција, малку послаб процесор со 2GB RAM меморија, 16GB простор за складирање на датотеки и батерија од 2800mAh. Цената на оваа верзија ќе биде 499 долари.

Двете модификации располагаат со слот за „microSD“ картички со капацитет до 128GB, „LTE“, „MaxxAudio“ и „Dirac HD“ за подобрување на звукот. На располагање е и режим за брзо полнење на батеријата и тоа од 0 % до 75% за половина час.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП