3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗOpel Vivaro / Renault Trafic за 2014-та година

Opel Vivaro / Renault Trafic за 2014-та година

kombinja11

„Opel“ и „Renault“ ги претставија новите генерации на своите комерцијални возила „Vivaro“, oдносно „Trafic“. Новите модели се базирани на заедничката платформа, а ги придвижуваат нови, економични 1.6-литарски турбо-дизел мотори.

Дизајнот на новата генерација на моделот „Vivaro“ го карактеризира модерен изглед. На предниот дел доминира голема маска на ладилникот и крупни многуаголни фарови.

Возилото ќе биде достапно во три нивоа на опрема, а купувачите ќе можат да одберат помеѓу два модела со различна должина, како и верзии со две покривни висини.

На располагање ќе бидат 11 бои на надворешноста и различни каросериски модификации.

kombinja12

„Opel“ во новиот „Vivaro“ ќе вградува четирицилиндарски 1.6-литарски турбо-дизел мотор со ознаката „CDTI“, кој ќе биде достапен и во „twin-turbo“ верзија. Новиот „Vivaro“ ќе се најде во продажба ова лето, а ќе се изработува во Велика Британија.

Слично како кај „Vivarо“, на предниот дел на новата генерација на моделот „Renault Trafic“ исто така ќе се истакнуваат големите фарови, а на маската на ладилникот ќе доминира знакот на францускиот производител.

Двата модели се разликуваат по формата на хаубата, предната маска и браникот, додека остатокот од возилото помалку или повеќе е идентичен.

kombinja13

„Renault“ сe пофали дека „Trafic“ ќе биде достапен во дури 270 различни подверзии. Како и кај моделот „Vivaro“, купувачите во основа ќе можат да бираат меѓу две должини и две висини на каросеријата, потоа меѓу теретни и патнички верзии, но и комбинирани теретно-патнички возила, како и други можни модификации и надоградувања.

Четирицилиндарскиот 1.6-литарски дизел мотор кај „Trafic“ ќе ја има ознаката „dCi“, a како и кај комбето на „Opel“, и ова возило ќе биде достапно со еден или два турбо полначи.

„Renault Trafic“ исто така ќе пристигне на пазарите во текот на летото оваа година, а ќе се произведува во Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП