ТЕХНОЛОГИЈА

YouTube развива верзија на портал за мали деца

youtube23

„YouTube“ развива видеопортал за мали деца. Според онлајн изданието „TheNextWeb“ главната публика ќе се деца под 10 -годишна возраст.

Екипа на популарниот видеопортал веќе почна и преговори  со творците на содржината, кои покажаа интерес за развивање на видеа за малите деца. Целта е да има посебно место за децата, каде можат да гледаат видеа без ризици да дојдат до непристојна содржина и коментари од таков тип, какви што кружат на „YouTube“.

„Детскиот „YouTube““ се уште е во процес на развој и е далеку од завршување. Се уште не е прецизирано како точно ќе започне да функционира, иако се очекува да биде слободен и да се потпира на реклами, кои сепак ќе треба да ги исполнат строгите критериуми.

Во моментов „YouTube“ има режим за филтрирање на непристојна содржина, како и верзија само за училишта и универзитети наречена „YouTube EDU“. И во двата случаеви има реклами, како и не селектирана содржината по возрасна група. Главен акцент на „YouTube“ за децата, е секое видео во него да е создадено специјално за нив.