ТЕХНОЛОГИЈА

Роботот „Кјубмастер III“ за 3,2 секунди ја реши Рубиковата коцка (видео)

kjubmaster

Роботот „Кјубмастер III“ ја реши Рубиковата коцка за само 3,2 секунди и со тоа постави нов Гинисов рекорд.

„Кјубмастер III“ роботот што користи АРМ процесор, за време на Саемот Бинг Бенг во Бирмингем, го урна Гинисовиот рекорд во местење на Рубиковата коцка, а за тоа му беа потребни само 3,253 секунди.

Роботот е развиен од Давид Гилдеј и Мајк Добсон, кои на овој проект работеле во слободно време.

Тие се сопственици и на претходниот рекорд, што изнесува 5,27 секунди.

Гилдеј работи како инженер во компанијата АРМ во Кембриџ, а Добсон е инженер на безбедносни системи во компанијата Секјури-Плекс.