4 мај, 2024

Samsung Galaxy S3 Slim

samsung slim s

Кога ќе се споредат карактеристиките на двата модели, „S3 Slim“ од 2014-та година е и тоа како послаб во однос на „S3“ од 2012-та година. Засега не се познати причините поради кои „Samsung“ на новиот смартфон одлучи да му ја додаде и „S3“ ознаката при неговото именува, освен ако крајната цел не е заблуда на корисниците.

„Samsung Galaxy S3 Slim“ во однос на оргиналниот „Galaxy S3“ доаѓа со помали и полош 4,52-инчен „TFT“ екран. Дисплејот има резолуција од 540×960 пиксели со густина од 244 ppi. Исто така и капацитетот на интерната меморија е преполовен во однос на оргиналниот модел (16 GB) и таа изнесува дури 8GB. Ништо подобра не е ситуацијата ни со „microSD“ картичките кои во овој случај се поддржани до максималниот капацитет од 32 GB.

„Slim“ верзијата исто така има четиријадрен, но и нешто поспор (1,2 Ghz) процесор. „Samsung“ во моделот „Slim“ одлучи да ја задржи истата количина на (1 GB) RAM, како и во „вистинската S3“. Задната камера има резолуција од 5 MP (2592 x 1944 пиксели), a предната е со „VGA“ квалитет. Батеријата е иста како кај претходниот модел, што значи дека има капацитет од 2100 mAh. Изгледа дека „Samsung“ не премногу сериозно го сфати дописот на „Google“, затоа што новиот „Galaxy S3 Slim“ ќе работи на „Android Jelly Bean 4.2“.

„Samsung“ моделот „Galaxy S3 Slim“ за почеток ќе го понуди на бразилскиот пазар, но постои можност истиот да се најде и на останатите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП