3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM ќе повлече 1.5 милиони возила

GM ќе повлече 1.5 милиони возила

gm-ap_f

Американскиот производител на автомобили „Џенерал Моторс“ (GM) кој веќе е под истрага во САД, вчера најави дека ќе повлече уште 1.5 милиони возила поради проблеми со контакт-бравата и неактивирањето на воздушните перничиња во случај на незгода.

Во оваа акција се вклучени модели за американскиот пазар од марките „Шевролет“, „GMC“, „Бјуик“ и „Кадилак“, произведени меѓу 2008-та и 2014-та година.

„GM“ е веќе под три истраги во САД поради претходните повлекувања на возила, исто така поради контакт-бравите кои во возење можат да го исклучат моторот и да го блокираат воланот, што довело до безброј незгоди во кои животот го загубиле 12 луѓе.

Од компанијата објавија дека откриле и проблеми со седиштата, системот за снабдување на моторот со гориво и неактивирањето на воздушните перничиња. Сите овие поправки „GM“ ќе го чини околу 300 милиони долари во првиот квартал од оваа година.

„GM“ во февруари на двапати отповика 1.6 милиони возила во Северна Америка поради проблеми со контакт-бравата.

Американските власти истражуваат зошто од „GM“ чекале повеќе од 10 години за да ги отстранат недостатоците на возилата, иако знаеле за проблемите. „GM“ има рок до 3-ти април да одговори на 107 прашања кои им ги постави Агенцијата за безбедност во сообраќајот на патиштата (NHTSA).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП