Доколку не сте знаеле, „Samsung“ подготвува „Windows 8.1“ смартфон за „Verizon“, наречен „Ativ SE“, a сега пристигнаа и првите фотографии кои откриваат како тој би можел да изгледа.
Како што обично се случува, сликата ја објави „Еvleaks“, на својот „Twitter“ профил, а познат е по тоа што честопати прв објавува веродостојни фотографии од модели на уреди кои наскоро би требало да се појават на пазарот.
Како што вели „Engadget“, новиот уред ќе потсетува на својот претходник, „Ativ S“, кој исто така го користи оперативниот систем „Windows Phone“, само што „SE“ има и почетно копче. Исто така, некои дизајнерски елементи потсетуваат на линијата „Samsung Galaxy“, како што е формата на куќиштето, што предизвика различни реакции кај потенцијалните купувачи.
Уредот ќе биде достапен кај операторот „Verizon“ во текот на оваа година, а познато е дека екранот ќе биде со големина од 5-инчи, а ќе има и „LTE“ можности.