3 јули, 2025
ПочетнаАВТОБИЗНисан и Дајмлер заедно ќе инвестираат во Мексико

Нисан и Дајмлер заедно ќе инвестираат во Мексико

Daimler-Renault-Nissan-blog480

Производителите на возила, јапонски „Нисан“ и германски „Дајмлер“, потпишаа договор за создавање на заедничка компанија во Мексико со еднакво вложување во капиталот.

Новата компанија ќе ги произведува нивните репрезентативни брендови „Инфинити“ и „Мерцедес Бенз“.

Според извори блиски до компаниите, фабриката ќе биде сместена во Агваскалијетес (сојузна држава на северот на централно Мексико), каде ќе се произведуваат најновите генерации на „Мерцедес ГЛА“, како и новиот модел на „Инфинити“.

Засега ниту еден од производителите не ја коментираше оваа информација, па затоа останува да се види дали овој договор навистина ќе се реализира.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар