6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИTango ќе има четири камери! (видео)

Tango ќе има четири камери! (видео)

tango telefo

Според најновите детали кои се откриени на страните за поддршка за „Chrome“, паметниот телефон на „Google“ кој би требало да може автоматски да креира „3D“ карта на просторот околу себе, ќе има дури четири камери.

Страната „Myce.com“ откри дека проектот „Tango“ (како што го нарекуваат смартфонот во компанијата) ќе користи класична камера на задната страна со резолуција од скромни 4 мегапиксели, но на ќе има и камера „Field of View“ (FOV) со леќи кои фотографираат слики под агол од 180 степени, како и камера за снимање на длабочината со резолуција од 320×180 при брзина од 5 слики во секунда, а на предната страна ќе има камера која фотографира до агол од 120 степени, што е споредливо со човековото око.

Сето тоа е спакувано во прототип на уред со 5-инчен екран кој би требало да го добијат стотина изумители на апликации, за да можат да ги испитаат можностите на новата технологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП