27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГугл подготвува електронски тетоважи

Гугл подготвува електронски тетоважи

Google-tattoo

Одделот на Моторола АТАП за напредна технологија и проекти, што остана во сопственост на „Гугл“, работи на електронски тетоважи.

Електронските тетоважи функционираат како детските тетоважи, однонсо се лепат на кожа како водените сликички, што доаѓаат со мастика или други слатки.

Малиот еластичен дел што останува залепен на кожата е потенок од лист хартија и на себе има неколку сензори што овозможуваат корисниците да се поврзат со компјутер или паметен телефон.

Се уште нема конкретни податоци за што овие тетоважи ќе може да служат, но се претпоставува дека ќе можат да се користат како микрофон, детектор на лаги, сензор за читање на витални функции и слично.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП