2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls-Royce има во план хибриден модел

Rolls-Royce има во план хибриден модел

rolce hibrid

Економичноста во потрошувачката на гориво најверојатно е последната работа која ќе ви падне на ум кога ќе се спомене името „Rolls-Royce“. Сепак, овој производител на луксузни автомобили би можел наскоро да изненади со „Plug-In“ хибриден модел.

Иако сопствениците и потенцијалните купувачи на „Rolls-Royce“ не се заинтересирани за потрошувачката на гориво на своите возила, и овој производител се соочува со построгите прописи за штетните гасови. Поради тоа „Rolls-Royce“, како и другите авто-компании ги разгледуваат различните можности за да се задоволат новите еколошки стандарди.

Како едно од тие решенија, се наметнува и воведувањето на хибриден погон, а тоа го потврди директорот на компанијата, Торстен Милер-Отвос во разговор за „Auto Express“.

„Производството на „Rolls-Royce“ модел со хибриден погон во следните две години ќе биде од клучно значење за компанијата“, вели тој.

„Не толку поради барањата на купувачите, туку затоа што тоа го бараат прописите за штетни гасови“, додава Милер-Отвос.

Тој не објави повеќе детали, но со сигурност може да се каже дека идниот „Rolls-Royce Plug-In“ ќе ја користи хибридната технологија и компонентите од „BMW“, кој е сопственик на британската луксузна марка.

„BMW“ на саемот во Франкфурт 2013-та претстави концепт „Plug-In“ верзија на моделот „X5“. Погонскиот систем на ова возило се состои од четирицилиндарски агрегат со турбо полнење и електромотори.

rolce hibrid1

Ова не е прв пат „Rolls-Royce“ да се доведува во врска со погонскиот систем кој користи електромотор. Пред неколку години, компанијата претстави прототип на електричен „Phantom“ со ознаката „102EX“. Можно е токму ова возило да било и „пробен балон“ за хибридниот модел за кој говори Милер-Отвос.

Иако имаше поголем вртежен момент отколку верзијата со „V12“ мотор, „Phantom 102EX“ наиде на млака реакција кај љубителите и сопствениците на „Rolls-Royce“ возилата, со оглед на тоа дека имаше премала автономија од околу 200km. A богатите сопственици и „VIP“ корисници не се подготвени да чекаат по неколку часа додека да им се наполни батеријата, па да можат да продолжат со возењето.

Хибридната „Plug-In“ верзија би можела да ги поправи работите, со оглед на неговиот комбиниран бензинско-електричен погонски систем. Во тој случај, богатите клиенти без проблем би можеле да го продолжат патувањето со користењето на придобивките на бензинскиот мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП