6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft им плаќа на корисниците на XP да го променат OS

Microsoft им плаќа на корисниците на XP да го променат OS

microsoft xp 20

Крајот на поддршката за „Windows XP“ полека се наближува и „Microsoft“ не бира средства за да се осигура дека корисниците ќе ја заменат својата застарена платформа.

Според најновиот потег на компанијата, „Microsoft“ сега на корисниците на „Windows XP“ за промена на платформата ќе им нуди 50 долари во кредити за купување на секој „Windows“ таблет или лаптоп.

Покрај кредитите, компанијата исто така на новите корисници ќе има даде 90 дена премиум бесплатна техничка поддршка се со цел да им помогне што е можно безболно да ја направат оваа транзиција. Овој сервис вклучува 24/7 телефонска и чет поддршка за полесен трансфер на новиот оперативен систем.

На самиот крај, компанијата од Редмонд го прошири бесплатниот пренос на податоци низ својот сервис „Laplink“, па така ќе им помогнат на корисниците од својот хард диск на новата машина да пренесат и фотографии, видео снимки, музика и други документи.

„Microsoft“ полека ја спушта завесата на „XP“, а последната поддршка ќе биде објавена на 8-ми април.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП