1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ победник во Индијан Велс

Ѓоковиќ победник во Индијан Велс

djoker

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари победа во финалето на Мастерс 1000 во Индијан Велс (САД).

Тој во завршниот меч го совлада Рожер Федерер од Швајцарија со 2:1 во сетови.

За Ѓоковиќ ова беше 42.ра титула во кариерата или 17.та на турнир од Мастерс серијата.

Со овој триумф Ѓоковиќ го намали скорот на 17:16 за Федерер во меѓусебни дуели.

Почетокот на мечот и првиот сет не навестуваше триумф на Ѓоковиќ, бидејќи Швајцарецот поведе со 1:0 – 6:3 во гемови. Сепак, српскиот тенисер брз се врати во ритам и изедначи откако го доби вториот сет со идентични 6:3 во гемови.

Во решавачкиот сет Ѓоковиќ прв направи брејк и водеше во најголемиот дел од сет, но Федерер го врати брејкот и сетот се решаваше во тај брекот што му припадна на Ѓоковиќ со 7:3.

Ова за Србинот беше трета победа во Индијан Велс (2008 и 2011 година).

На женскиот дел од турнирот победи Флавија Пенета од Италија, која во финалето ја совлада Агнешка Радванска од Полска со 6:2 и 6:1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП