2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕУ воведува задолжителен универзален полнач за мобилни телефони

ЕУ воведува задолжителен универзален полнач за мобилни телефони

ionhub_universal_charger

Европскиот парламент го поддржа предлог законот според кој за три години на територијата на Европската унија ќе биде воведен задолжителен универзален полнач за мобилни телефони.

Предлогот има поддршка од сите 28 земји членки на Унијата и останува Европската комисија да донесе прописи како ќе изгледа универзалниот полнач и условите под кои ќе биде регулиран.

Доколку се усвои во актуелната форма, овој закон ќе се однесува сите радио производи, односно на било која опрема што прима или емитува радио бранови со цел за комуникација, вклучително мобилни телефони, ГПС системи и таблет уреди.

Според ЕК овој закон е директен одговор за загриженоста на потрошувачите.

– Мора да имаме универзален полнач за сите мобилни телефони и сите граѓани се за тоа, изјави еврокомесарката за дигитален развој Нели Крос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП