5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPorsche заработува по 23.000 долари за секое возило

Porsche заработува по 23.000 долари за секое возило

Porsche Panamera 3

Со превземањето на „Porsche“, „Volkswagen“ веројатно ја направи најдобрата бизнис зделка уште од купувањето на „Škodа“. Имено, германскиот производител на спортски автомобили е вистинска печатница за пари. „Bloomberg“ објави дека „Porsche“ со својата маржа „дебело“ ги надминува сите останати марки од „VAG“ концернот. Дури и „Bentley“ неможе да и парира на екипата од Зулфенхаузен.

Додека „Audi“ со заработка од 5.200 американски долари за секоја продаден автомобил и со просечна маржа од 10-проценти може да се смета како повеќе од успешнен, „Porsche“ со 23.000 долари заработка за секој автомобил и маржа од скоро неверојатни 18 проценти е сосема друга лига.

Сето ова воопшто не ни е изненадување ако се земе во предвид ценовникот за дополнителна опрема за било кој автомобил на „Porsche“ со која вредност понекогаш ја надминува цената на основниот модел. Само кожниот пакет за „Panamerа“, чини повеќе од новата „Mazdа 6“.

Во „Volkswagen“ во меѓувреме задоволно ги тријат рацете, особено ако се земе во предвид последниот модел на „Porsche“, компактниот „SUV Macan“, кој веќе е распродаден за првата година од производство со листа на чекање која расте од ден во ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП