2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Nissan GT-R со хибриден погон и 800KS

Новиот Nissan GT-R со хибриден погон и 800KS

GTR-R36311

„Nissan“ новата генерација на моделот „GT-R“ (R36) официјално ќе ја претстави на крајот на 2015-та година, како модел за 2016-та. И додека тоа се случи се појавија некои нови информации и уште една компјутерска фотографија од неговиот можен изглед.

Јапонските медиуми пишуваат дека новиот „GT-R“ ќе има хибриден погонски систем (VR38DETT twin-turbo 3,8 литарски V6 мотор, KERS систем развиен во соработка со „Williams“) со комбинирана снага од 588 kW/800KS.

„GT-R R36“ од 0-100 km/h најверојатно ќе забрзува за 2,7 секунди, а најголемата брзина ќе изнесува околу 340 km/h, додека четврт милја (402 метри) возилото ќе помине за околу 10 секунди.

Се очекува цената на овој автомобил да изнесува помеѓу 120.000 и 150.000 американски долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП