26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЦените и натаму под притисок на украинско - руските тензии

Цените и натаму под притисок на украинско – руските тензии

stock-market

Цените на акциите на Wall Street забележаа остар пад бидејќи се под притисок на украинската криза и слабите податоци за кинеското индустриско производство.

Dow Jones се намали за 1.41%, S&P 500 индексот се спушти за 1.17%, а Nasdaq беше понизок за 1.46%.

Остриот пад на цената на акциите следуваше по веста дека руските сили започнале воени вежби во близина на границата со Украина, што покажува дека Москва на отстапува од присоединувањето на Крим и покрај најавите за воведување на санкции од страна на САД и Европската унија.

Тензиите помеѓу Русија и Западот и понатаму се присутни во пресрет на референдумот за назависноста на Крим, кој ќе се одржи во недела, на кој гласачите ќе одлучуваат за припојувањето кон Русија.

Инвеститорите ги загрижува и забавувањето на растот на кинеската економија, бидејќи индустриското производство порасна во јануари и февруари за 8.6% во однос на истиот период од минатата година, што е најниска стапка на раст од 2009 година.

Европските акции исто така се намалија поради загриженоста околу тензиите помеѓу Украина и Русија, како и економската состојба во Кина.

EURO STOXX 50 падна за 0.54%, францускиот CAC 40 се намали за 0.48%, лондонски FTSE 100 беше понизок за 0.22%, додека пак германскиот DAX 30 ослабна за 0.37%.

 

Адмирал Маркетс,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП