2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКон крајот на годината почнува производството на Škoda Snowman

Кон крајот на годината почнува производството на Škoda Snowman

snowman skoda

Компанијата „Škoda“ ќе започне со производство на својот „SUV“ модел кон крајот на оваа година во својата фабрика во Чешка.

И покрај тоа што шефот на „Škodа“, Винфрид Валанд изјави дека „SUV“ моделот ќе пристигне на пазарот во 2016-та година, компанијата побрза во својата понуда да додаде ваков вид на возило.

Автомобилот ќе го носи името „Snowman“ и ќе се изработува во фабриката на оваа компанија во местото Квашини каде моментално се прават моделите „Roomster“, „Yeti“ и „Superb“. Се верува дека во првата половина на наредната година, работниците во оваа фабрика ќе започнат да го изработуваат и „Seat crossover“.

Се претпоставува дека двата модели ќе бидат базирани на модифицираната варијанта на платформата „Volkswagen MQB“ и дека ќе помогнат во целта на „VW“ да стане најголем производител на возила во светот до 2018-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП