Два производители на паметни телефони во Индија ќе бидат поштедени од плаќање на лиценца за користење на „Windows Phone“.
„Microsoft“ според пишувањето на локалните медиуми, потполно бесплатно ќе го понуди „Windows Phone“ на одреден број на производители на смартфони во Индија, се со цел да го забрза прифаќањето на овој оперативен систем во Индија.
Софтверскиот гигант веќе некое време разговара со производителите на паметни телефони во Индија во врска со развивањето на пристапни „Windows Phone“ уреди. Два производители веќе го прифатиле ваквиот договор, но дури откако од „Microsoft“ им беше ветено дека нема да плаќаат за лиценцата за користење на нивниот оперативен систем.
Доколку оваа вест е точна, „Microsoft“ ќе направи голем преседан со оглед на тоа дека заработката од лиценцирањето на софтверот е еден од главните извори на приход, а компанијата оваа лиценца ја наплатува дури и на „Nokiа“ за нејзините „Windows Phone“ уреди.
Колку навистина „Microsoft“ заработува од овие лиценци? Во јануари 2012-та година еден од директорите на „ZTE“ изјави дека „Microsoft“ по уред наплатува помеѓу 25 и 33 долари за користење на „Windows Phone 7“.