2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОТрагична несреќа: Загина Петар Милошевски, повреден Илчо Ѓорѓиевски

Трагична несреќа: Загина Петар Милошевски, повреден Илчо Ѓорѓиевски

milosevski-za-telegraf

Директорот на Фудбалската репрезентација на Македонија, Петар Милошевски загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на автопатот Куманово – Скопје.

Во несреќата се повредени претседателот на Фудбалската федерација Илчо Ѓорѓиевски и уште двајца вработени во ФФМ.

Тие се враќале од Куманово каде се играл хуманитарен натпревар.

Според првичните информации, несреќата се случила на влезот во Скопје.

Милошевски беше и поранешен голман на македонската репрезентација и на неколку странски клубови како Трабзонспор, Малатијаспор, Себатспор, Енозис, а бранеше во Пелистер и во Вардар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП