Пред неколку дена се појави и првото видео врз основа на кое можевме да погодуваме каква ќе биде новата „Angry Birds“ игра, a во ова видео во фокусот беше зборот „Еpic“.
Новите детали велат дека играта ќе се нарекува „Angry Birds Epic“, a што се однесува до жанрот, таа ќе биде „turn-based“ игра во „RPG“ стил. Исто така се истакнува дека новата игра нема да биде само „RPG“ (Role-playing game), туку ќе има многу напраден систем на конструкција.
„Rovio“ за почеток оваа игра ќе ја објави за „iOS“ во Канада, Австралија и Нов Зеланд, а тоа ќе се случи во текот на неделава. Нормално, подоцна може да се очекува играта да се појави и на други пазар, а нормално и за другите платформи.
Останува само да видиме колку луѓето кои се навикнати да ги играат лесните „Angry Birds“ изданија, ќе бидат подготвени да играат една „turn-based RPG“ игра, без разлика колку таа во основа ќе биде лесна. Во видеото што следи можете да ја видите кратката најава за играта.